Владата одлучи Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за еден месец да распише јавен повик за користење средства од ИПАРД-програмата. Повикот ќе се однесува на финансирање проекти од мерките за инвестиции во земјоделски стопанства и во преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и за диверизификација на руралниот развој. Овој јавен повик ќе биде од исклучителна важност за земјоделците затоа што во обем вреди повеќе десетици милиони евра. Суштината на самиот повик е што Владата во соработка со Европската комисија ќе финансира дури 50 проценти од трошоците за реализација на земјоделските проекти.
Владата одлучи Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за еден месец да распише јавен повик за користење средства од ИПАРД-програмата.
Повикот ќе се однесува на финансирање проекти од мерките за инвестиции во земјоделски стопанства и во преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и за диверизификација на руралниот развој.
- Овој јавен повик ќе биде од исклучителна важност за земјоделците затоа што во обем вреди повеќе десетици милиони евра. Суштината на самиот повик е што Владата во соработка со Европската комисија ќе финансира дури 50 проценти од трошоците за реализација на земјоделските проекти, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој информира дека со новиот повик значително ќе бидат поедноставени процедурите за аплицирање од страна на земјоделците, ќе се прошири интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите, ќе се подобрат условите и ќе се намалат трошоците за земјоделците што сакаат да аплицираат и треба да обезбедат документи и елаборати.